Имала само 11 години, петки во дневникот, а на повидок имала сјајна спортска кариера, кога на рутинскиот преглед и било отикриено дека има акутна леукемија. Сега има 25 години, асистент на факултет и се подготвува да ги запише докториските студии.
Како што пренесува Југомедиуа, станува збро за Даниела Павловиќ од Лесковац, девојката која е чест посетител на акциите NURDOR, која ги насмејува и храбро ги повикува на хуманост и помош на децата заболени од рак, истовремено барајќи да се сетиме на оние мали херои кои не се повеќе со нас.
– Бев атлетичарка и подготвена да играм за репрезентацијата. Здрава како дрен, никогаш ништо не ме болеше. На рутинскиот преглед не ни обрнував, но веднаш после прегледот ми кажаа дека имам акутна леукемија – рак. Тоа беше шок за мене, како гром од ведро небо, посебно за моите родители, што ми беше многу тешко, вака ја започнува својата исповедст оваа убава Лесковачанка.
Тргнав во битката за живот, најпрво во Белград и продолжив со хемотерапија во одделението во Ниш.
– Беше голема криза, во еден моменр бев неподвижна, па останав без коса. Можеби, сепак најтешко ми падна тоа неразбирањето од страна на околината, другарите….Сите буквално се плашеа и се помрдуваа од мене како да сум заразна. Тешко ми паднаа и загрижените лица на родителите и тоа што понекогаш несвојствено покажуваа страв од мојата смрт. Само јас знаев дека ќе преживеам и некаде тој позитивен однос, ми се чини дека помогна, додала таа.
Иако после враќањето на школските клупи вложија голем напор да го совлада пропуштеното, редовно се борела за добри оценки во индексот на економскиот факултет и на мастер студиите, оваа млада Лесковачанка живото го гледа со поинакви очи за разлика од многуте нејзини врсници.
– убаво е да се биде успешен, добар во тоа што го работиш, но тоа е нешто не ми е пририоритет. Нјаважна е среќата која ја чуствувате додека сте здрави и живи, а за среќна ме прави и самата насмевка на луѓето, насмевка која на многумина им недостасува, вели Даниела.
Исто така за време на двегодишното лекување запознала многу пријатели. Другари и другарки со кои и денеска се дружи и слуша.
– Тоа се нераскиливи, големи пријателства. Запознав пријатели за цел живот. Нераскинлива врска, бидејќи знаеме што сме преживеале во најтеѓките моменти и си бевме голем аподдршка едни со други. За жал, тоа што е болно за емне тоа што останав без многу пријатели.
Некои не ја добијат таа битка и то е една болна точка кога се враќам наназад, објаснува девојката.
Даниела веќе 10 години е волонтер NURDOR, која заедно со членовите на социолошките и психолошките работници успеала да се бори да не падне во духовна криза за да може што побрзо да се врати во нормалниот живот.
– Таа поддршка, освен терапијата, е нешто највредното што го добив. А јас поминав низ една голема животна лекција која сакам да ја споделам со болните и со здравите, да разбудам хуманост и разбирање, на децата да им покажеме дека ракот не е заразен, дека болните деца не се дескриминираат, дека целата заедница треба да го отвори срцето за нив, додава Даниела која 13 години се борела со пеколната болест.