Free songs
Home / алтернативна медицина / Исплачете се – еве што се лечи плачењето

Исплачете се – еве што се лечи плачењето

Плачењето е начин на кој ги исфрлуваме негативните емоции, а покрај тоа, солзите се своевидна одбрана од бактерии или реакција на некои хемикалии.

solziСолзите не мора да значи дека се нешто лошо и знак на слабост, а еве зошто е потребно понекогаш добро да се исплачеме:

Солзите ги прочистуваат очите

Солзите делуваат како природен антибиотик и можат да убијат 95 отсто од штетните бактерии во очите и тоа за само пет минути.

Солзите го подобруваат видот

Мембраната на окото може да биде дехидрирана, па поради тоа се појавуваат проблеми со видот, а сликата која ја гледаме едноставно е замаглена. Кога плачеме, солзите ја осигуруваат влажноста на мембраната и на тој начин го олеснуваат и го подобруваат видот.

Солзите ги елиминираат токсините

Во текот на 1980-тите години доктор Вилијам Феј, истражувач на Медицинскиот центар Ремзи во Минеаполис, открил дека солзите во зависност од причината имаат различен хемиски состав. Па така, рефлексните солзи (на пример настанале поради сечење на кромид) се состојат од 98 отсто вода, додека емоционалните солзи се полни со хормонот на стрес – пролактин.

Солзите нудат утеха

Интересно е тоа што плачењето е проследено со засилена активност во одреден дел на нервниот систем на кого работа му е да го смири телото после стресен настан и да го забави отчукувањето на срцето.

Истражувањата исто така откриле дека плачењето го зголемува нивото на хормонот на среќа – окситоцин, кој го оневозможува ослободувањето на хормонот на стрес – кортизол. Покрај тоа, со плачењето се ослободуваат и ендорфини, хормони кои се излачуваат при телесно вежбање или секс. Па поради тоа не е чудно тоа што, кога „добро ќе се исплачеме“ се чувствуваме многу подобро.

Солзите нудат емосионално ослободување и поврзување со другите

„Пресметката“ со емоциите со плачење помага и полесно да продолжиме со својот живот. Плачот ги буди нашите заштитнички инстинкти и делува како повик за помош. Имено, со плачење предизвикуваме внимание, а кај луѓето кои ќе видат расплачена личност им проработува заштитничкиот нагон и сакаат да ја утешат. На тој начин, ранливоста ни помага да се поврземе со другите.

Занимливости за солзите

Некои истражувања покажале дека жените плачат почесто, и тоа четири пати повеќе отколку мажите, но се чини дека и двата пола плачат подеднакво за време на некои големи животни случувања како жалење за некој починат, објаснил професор Ад Вингерхотс, психолог и водечки експерт во полето за плачење на Универзитетот Тилбург во Холандија.

Интересно е тоа што мажите почесто плачат поради позитивни случувања, додека жените почесто пуштаат солзи поради негативни работи. Експертите велат дека за оваа разлика се виновни хормоните. Тестостеронот ја потиснува потребата за плачење, додека женскиот хормон пролактин ја поттикнува емпатијата и солзите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss