Home / аларм / Исфрлете ги овие намирници – може да предизвикаат рак

Исфрлете ги овие намирници – може да предизвикаат рак

Прехранбените производи се преполни со вештачки засладувачи, разни засилувачи на вкусот и состојки со помош на кои се чува квалитетот на производот на подолго време, но не се сите толку опасни по здравјето и линијата. Но, ако внимавате на килограмите и здравјето, не треба да ги конзумирате овие намирници – нив нутриционистите никогаш не би ги изеле.

 

umiranje-kancer-niz-630x2881. Овошен јигурт со ознака ”light”

Повеќето производи од оваа категорија содржат големи количини вештачки засладувачи и ароми, кои најчесто имаат две третини помалку протеини отколку обичниот јогурт. Значи, тие неколку калории кои ќе ги заштедите низ овошниот јогурт не ви прават никаква услуга, туку ви нанесуваат штета за здравјето.

2. Кашкавал за сендвич во парчиња
Во текот на преработката на овој производ се користат многу супстанции и адитиви, а нивмиот вкус всушност потсетува на гума. Обичните кашкавали се многу подобра опција, бидејќи технолошки многу помалку се преработуваат, па со самото тоа содржат помалку адитиви. Исто така, вкусот им е многу подобар, па ќе изедете помалку, но чуството на задоволство и ситост ќе биде поголемо.

3. Преливи за салата
Овие производи се вистинско богатство на адитиви! Ако веќе сакате здрава салата од свежо овошје, издвојте уште неколку минути и сами направете прелив – измешајте малку маслиново масло, оцет, додајте зачини по вкус и уживајте во здрав оброк!

4. Газирани и засладени пијалоци
Газираните пијалоци, овошни сокови и леден чај имаат висока калориска вредност и се еден од најголемите непријатели на вашето здравје и тежина. Освен тоа, тие само создаваат потреба за додатно конзумирање и затоа е најдобро да ги замените со вода, лимонада или чај.

5. Млечни додатоци за кафе
Иако уживате во нив, знајте дека се преполни со најлоши видови маснотии -транс-масти. Ако не ви се допаѓа чисто црно кафе, ставете во него малку обезмастено млеко, а на додатоците заборавете засекогаш.

6. Сувомесни производи
Огромна количина на сол, нитрати, и конзерванси се наоѓаат во вашата омилена месна преработка, а многу од нив може да бидат и канцерогени, затоа избгенувајте ги во најголема мерка.

Денешен.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top