Free songs
Home / нови лекови / Инспириран од „Аватар“, Русин најави бесмртност од 2045 година!?!

Инспириран од „Аватар“, Русин најави бесмртност од 2045 година!?!

Бесмртноста е нешто за што сите размислуваме, но никој не ја сфаќа сериозно, освен можеби Русинот Дмитриј Ицков. Тој сака да ја разгледа можноста за вечен живот а истата да се реализира од 2045 година.

avatar-300x225Неговиот план наречен Иницијатива 2045 ќе ви делува познато ако сте го гледале филмот „Аватар“, но за реализација на истиот, потребни му се неколку милијарди долари. Проектот има неколку фази, и секој чекор е поблиску до крајната цел на човештвото – бесмртноста.

Првиот чекор е создавање на луѓе- роботи кои може да се контролираат и на далечина, и ова планира да го оствари до 2020 година.

До 2025 година планира човечкиот мозок да го претвори во робот -костур кој би продолжил да живее и по смртта. Во 2035 би бил конструиран посебен „аватар –мозок“  и вашата личност едноставно ќе биде „пренесена“ во него.

И конечно , до 2045, луѓето ќе можат да одат преку холографски аватари вечно, вез страв од смртта.

Проектот е исклучително скап и затоа Ицков бара да му помогнат најбогатите луѓе во светот. За возврат ветува дека на декој донатор ќе му помогне во походот кон бесмртноста, затоа што тие се многу богати и не можат да потрошат 50 милијарди долари во еден животен век.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top