Ако сакате да блеснете со својата појава, односно со косата, нахранете ја од сопствената домашна работилница. Употребете продукти кои ги имате дома и ќе постигнете прекрасен изглед.
Маска од тиква
Тиквата одлично ќе ја нахрани косата, бидејќи е богата со витамин А и калиум поради што благотворно дејствува на темето и на растот на косата.
Во сад ставете две шолји пасирана варена тиква, додадете мала лажичка масло од кокос, лажичка мед и лажичка јогурт. Состојките измешајте ги и нанесете ги на влажна коса. Оставете ја маската да дејствува 15 минути и потоа измијте ја со шампон.
Оцетот ја отстранува маснотијата
За да и дадете на вашата коса повеќе живот, измијте ја со мешавина од една чаша јаболков оцет и чаша млака вода. Потоа измијте ја косата со шампон за да го отстраните непријатниот мирис. Оцетот ќе ја исчисти целата нечистотија и вишокот природни масла од скалпот, а ќе го спречи исушувањето на косата.
Шампањското го враќа сјајот
Шампањското прави чуда за косата, особено за русата затоа што создава златен сјај, а не исушува. Косата прво измијте ја со шампон, а потоа измијте ја со половината чаша млака вода и половина чаша шампањско. Немојте да ја плакнете, косата ќе биде сјајна и полна со волумен.
Циметот го јакне коренот на косата
Во сад ставете половина чаша врело маслиново масло и додадете лажичка цимет и лажичка мед. Кога смесата ќе се излади, вмасирајте ја во скалпот и оставете ја да дејстввува 15 минути. Потоа измијте ја косата со шампон и постапката повторувајте ја секоја недела за да го зајакнете коренот на косата. Маската од цимет го спречува опаѓањето на косата.
Добар ден, бидејќи сум алергична на мед-може ли медот да се замени со некоја друга состојка во овие природни пепарати за јакнење на косата ? Може нема има никаква кожна реакција на темето од медот,но сепак се плашам. Ве молам ако некој знае да ми каже.
Ви благодарам