Home / аларм / Имате над 30 години? Ова МОРА да го направите!

Имате над 30 години? Ова МОРА да го направите!

Колку што сме постари, можностите за разни здравствени проблеми сè повеќе се зголемува. Поради тоа стручњаците препорачуваат секоја година да се направи еден систематски преглед или барем овие четири важни анализи.

stetoskop lekarКрвен притисок

Високиот крвен притисок не се наречува „тивок убиец“ без причина. Не постојат никакви симптоми за овој здравствен проблем, а тој навистина може да го доведе човечкиот живот во опасност. Ако немате проблеми со срцето или во семејството немате историја на кардиоваскуларни болести, притисокот сепак, редовно треба да го проверувате.

Холестерол

Еднаш годишно треба да го проверите нивото на холестеролот во крвта, а ако веќе имате проблеми со холестеролот или со вишокот килограми, тогаш се препорачува да го контролирате секои три до четири месеци.

Нивото на шеќер во крвта

Ако сте здрави, вешето тело благодарение на панкреасот кој произведува инсулин го регулира нивото на шеќер во крвта. Многу други болести или пак вишок килограми може да влијаат на работата на панреасот и производството на инсулин, па поради тоа доаѓа до зголемување на нивото на шеќерот. Така доаѓа до развојот на дијабетес. Нивото на шеќер во крвта би требало да се проверува еднаш годишно.

ТСХ

Едно од 10 лица (претежно жени), во текот на животот имаат проблеми со штитната жлезда. Симптомите на болна штитна жлезда се различни, но понекогаш хормоините Т3 и Т4 се нормални, па болеста може да не се забележи. Поради тоа треба да се контролира нивото на ТСХ, хормонот кој го испушта хипофизата бидејќи неговото зголемено ниво упатува на проблеми со штитната жлезда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top