Home / аларм / Имате главоболки? Виновник флашираната вода – Водата од чешма е сепак поздрава

Имате главоболки? Виновник флашираната вода – Водата од чешма е сепак поздрава

Најновите истражувања спроведени во Британија потврдуваат дека флашираната вода е поврзана со појавата на главоболки, мигрена, дебелината, неплодност, па дури и срцевиот удар.

plasticni sisinja voda otrovniФлашираната вода е чест причинител на главоболките и мигрената, а и поранешните истражувања докажале дека водата од пластичните шишиња е поврзана со разни здравствени проблеми како што се дебелината, неплодноста и срцевиот удар.

Проблемот лежи во хемикалиите, поточно во бисфенолот А кој се наоѓа во синтетичката пластична амбалажа и која со пиењето на водата завршува во нашиот организам.

Англиските научници веруваат дека тоа е причината што секој седми Британец пати од главоболки и апелираат луѓето што е можно повеќе да се заштитат од потенцијалните загадувачи на исхраната, а посебно од пластиката која е многу опасна.

drinking_waterЕкспертите советуваат што е можно помалку да се пие водата од пластични шишиња и чаши, но и од апарати за вода на работните места за да го сочуваат своето здравје. Всушност, пластиката влијае на организмот така што ги зголемува хормоните поради што доаѓа до мигрена.

Меѓутоа неврологот Фајаз Ахмед од Англија напоменува дека пластичните амбалажи во голем број на случаите се предизвикувачи и на други бројни заболувања, а исто така напоменува дека подеднакво штетно дејство врз здравјето има и конзервираната храна, како и пијалокот од лименка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top