Со оглед дека се` повеќе луѓе се отпорни на фармацевстките антибиотици, не е на одмет секој ден да се јаде храна која штити од бајктерии, без разлика дали сте настинати или не.
Мед
Медот се користел како антибиотик во различни култури додека се уште немало синтетички антибиотици. Содржи ензим кој создава водороден пероксид и го спречува ширењето на бактериите. Во кинеската медицина се смета дека медот добро делува на црниот дроб, ги неутрализира токсините и ја намалува болката.
- Зелка
Заедно со брокулата, прокељот, зелката одамна е позната по своите лековити својства. Поради витаминот Ц кој го содржи во изобилие се смета за природен антибиотик, а сокот од зелка се препорачува за лечење чир на желудник.
- Ферментирана храна
Докторите се` повеќе препорачуваат земање пробиотици во текот на терапиите со антибиотици за да се задржи нивото на добрите бактерии. Природни пробиотици ќе најдете во секоја ферментирана храна, како киселата зелка, краставички или соја сосот.
- Кромид и лук
Се користат за лечење на симптомите на настинка и грип. Познато е дека лукот може да помогне во спречување на инфекции и се бори против вирусите, додека кромидот ги уништува слободните радикали кои може да доведат до рак.
- Зачински билки
Многу од билките имаат антибиотички својства. Темјанот, босилекот. цимет. рузмарин. маточина, оригано, ким, каранфилче, ловоров лист, ѓумбир, анис, куркума, магдонос, коријандер и уште многу други. Користете ги секојдневно!
Lady.mk