Ѓумбирот е една од најмоќните билки на светот. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот има антиоксидативно и противвоспалително дејство, и други лековити својства. Новите истражувања покажуваат дека може да спречи и да лекува рак.
Соединението најдено во ѓумбирот ги убива само клетките на ракот
Според истражувањата, соединението пронајдено во ѓумбирот е 10 илјади пати поделотворно од хемотерапијата. Тоа соединение ги убива само клетките на ракот. Исто така, откриено е дека ѓумбирот може да ја намали големината на туморот на простата за 56 отсто, да го намали нивото на воспалението и да го покачи процентот на антиоксиданси.
Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.
Мачнина
Ѓумбирот може да помогне да се намали мачнината при хемотерапија, патување, бременост и операција. Но понекогаш може да има и контра-ефект. Најефективен е во борбата против мачнината од бременост и операции.
Ѓумбирот работи со инхибирање на рецепторите на серотонин, и шири ефекти на смирување во мозокот и внатрешните органи. Може да го намали и излачувањето на васопресин, со што ја спречува мачнината која настанува при патување.
Холестерол
Ѓумбирот помага и да се намали ЛДЛ (лошиот холестерол), а да се подобри ХДЛ (добриот холестерол). Може и да ја подобри продукцијата на холестерол во црниот дроб и да го зголеми излачувањето на фекалии.
Освен овие потврдени бенефити, ѓумбирот има благотворни својства и кај заболените од рак, мигрена и кај зависниците од дрога. Добро антибактериско средство е, а и купките со чај од ѓумбир ја прават кожата како свилена.
Помага при варењето на храната
Чајот од ѓумбир е многу ефикасен и помага за полесна апсорпција на хранливите материи од храната. Исто така, ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, но го регулира и апетитот.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Чајот од ѓумбир содржи антиоксиданси кои помагаат за подобрување на имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека овој чај превенира и од карцином.
Ги ублажува менструалните болки
Моќниот чај од ѓумбир помага и при ублажување на менструалните болки и грчеви, а облогите од чајот можат да ги опуштат и релаксираат стомачните мускули.
Го намалува стресот
Овој чај има смирувачко дејство и го намалува стресот и напнатоста. Тоа е поради неговите специфични и јаки ароми и лековити својства.
Ја зголемува плодноста
Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.
Останати предности
Се бори против инфекции
Спречува непријатен мирис
Го забавува растот на канцерогени клетки
Го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот
Помага при детоксикација
Истовремено, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.
Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.
Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем.Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.
Многубројните испитувања укажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање.
Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност.
Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.Свежо приготвениот чај од ѓумбир го намалува стресот, ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата.
При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.
Чајот можете да го засладите со мед или да му го подобрите вкусот со свежо исцеден сок од лимон или портокал. Не се препорачува пиење на повеќе од два чаја од ѓумбир дневно.