Дерматологот и експерт за здравје на нокти Ричард Шер тврди дека луѓето кои ја имаат оваа лоша навика ризикуваат сериозно да го загрозат своето здравје. На тој начин внесуваат штетни бактерии преку устата во организмот, пренесе Дејли мејл.
Најголеми се шансите така да „соберете“ бактерија од групата ентеробактерии кои се одговорни за создавање на желудечни и цревни вируси со симптоми на повраќање и пролив. Освен тоа, во таа група спаѓаат и предизвикувачки инфекции за опасните ешерихиа коли и салмонела.
– Ткивото под самиот врв на ноктот е идеално место за размножување на бактерии, кои таму стигнуваат со ракување на разни предмети. Ако ноктите се гризат до крв, голем е ризикот од директен пренос во крвта, што може да резултира со насобирање на гној, тврди Шер.