Home / природен лек / Грипот зема замав – Еве како да бегате од вирусот

Грипот зема замав – Еве како да бегате од вирусот

Најголем број на заболени сезонава се на возраст од 15 до 64 години

grip fluИнаку грипот ја крена претпазливоста кај родителите, па забележливо е намалено присуство на деца по градинките.

Советите од надлежните за да не се пренесе грипот се избегнување контакт со заразени лица,  внимавање на хигиена на рацете, избегнување престој во затворени простории и слично.

За да има влијание храната врз вашиот организам, потребно е што почесто да ги консумирате следните намирници.

hrana-gripМасна риба – туна, скуша, лосос, харинга, сардина. Масната риба изобилува со омега 3 и одлична е за покачување на имунитетот, број еден борец во борбата против настинките и вирусите.

Лук – свежиот лук изобилува со антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките. Супер ефикасен е и во зајакнување на имунитетот.

Печурки – богати со антиоксиданси, витамини и влакна.

Сончоглед/масло и семки – Еден од најсилните антиоксиданси и најмоќен во заштита на клеточниот ѕид од оштетување од слободните радикали е витаминот Е кој најмногу го има во сончогледовото масло и семки. Витамин Е во одлични количини има и во бадемите, кикиритките и малку помалку во јајцата.

Благ компир – благиот компир е совршен за зачувување на здравјето во текот на зимата. Неговите состојки се претвораат во витамин А кој е клучен за силен имунитет.

Освен овие намирници, задолжително јадете и брокули, јаболко, зелен чај, цитрусно овошје, црвена пиперка, чили, зелка, црн грав, суво овошје, ѓумбир, житарици и маслиново масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top