Според истражувачите гравот е намирница која има моќ да го намали шеќерот во крвта, освен тоа тој константно го намалува крвниот притисок, а со тоа ги одржува крвните садови и здравјето на срцето, а ја прави циркулацијата подобра и постабилна. Според последната канадска студија гравот е вистински дар за луѓето кои патат од дијабетес тип 2, научниците од Торонто тврдат, дека гравот има можност да го намали ризикот од срцев удар и да го намалува нивото на шеќер во крвта.
Научниците го тестирале делувањето на гравот врз 120 луѓе кои имале проблеми со шеќерот. Тие дошле до резултет дека гравот го спречува брзото качување на шеќерот во крвта, го контролира притисокот и не дозволува нагли последици, односно нагли испади на здравјето. Затоа тие гравот топло го препорачуваат за сите дијабетичари. Но, не само за нив гравот е вистинско чудо од храна за сите луѓе, без исклучок.
Гравот го намалува апетитот, тој пополека се разградува во организамот, па тоа е и причината зошто спречува нагло покачување на шеќерот во крвта. Гравот е добар за намалување на телесната тежина иако можеби во ова ви е тешко да поверувате, тој се разградува полека, така го намалува апетитот и го намалува ризикот од брзо дебелеење. Сепак мораме да напоменеме дека гравот треба да се јаде во помали количини, бидејќи како што рековме се разградува полека, па може да доведе до оптеретување на организамот.
Гравот содржи идеални количини на витамини, тој има поволно влијание и врз менталното здравје бидејќи учествува во синтезата на ацетилхолинот, кој е главен невротрансмитер во организамот. Па според ова можеме да кажеме дека гравот превенира сенилност и алцхајмерова болест, кои се јавуваат често во подоцнежните години од животот.
Според некои истражувања, кога луѓето би започнале да го конзумираат гравот редовно, ризикот од кардиоваскуларни заболувања би можел да падне на повеќе од половина, ова се должи на зголеменото количество на фолати во гравот кои ја намалуваат аминокиселината хомоцистеин, која е поврзана со околу 40 % од лицата со кардио – васкуларни пореметувања.
Извор: Точка