Home / нови лекови / Го сопреле ширењето на ракот со Наночестички

Го сопреле ширењето на ракот со Наночестички

Леукоцитите вооружени со лепливи нанокугли можат да ги уништат клетките на туморот во крвта и на тој начин да го спречат ширењето на ракот во организмот, покажало новото истражување

Најопасниот и смртоносен стадиум на туморот се нарекува метастазирање во кој клетките на ракот почнуваат да се прошируваат низ телото.

nanoНаучниците од Универзитетот Корнел во САД објавија дека успеале да дизајнираат наночестички кои се задржуваат во крвотокот и ги убиваат клетките на ракот со кои доаѓаат во контакт за време на нивната миграција. Авторите на студијата велат дека првите резултати се одлични, но истакнуваат дека треба да се направи уште многу за истражувањето. Предвидувањата на очекуваниот животен век на луѓето на кои им е дијагностициран малигниот тумор во голема мера зависи од тоа дали ракот се проширил и метастазирал.

“Околу 90% од смртните случаи од рак се поврзани со метастазите”, вели водителот на студијата, професор Мајкл Кинг за BBC.

Новото решение

Еден тим од Корнел во своето последно истражување осмислил ново решение за проблемот на ширењето на ракот. Експертите во лабораторија поврзале протеин познат како trail (патека), коа се користи за да се уништи ракот во клиничките испитувања, со други лепиливи протеини и на тој начин ги оформиле наночестичките. Кога ги инјектирале во крвта, тие се закачиле на леукоцитите. Тестовите покажале дека белите крвни зрнца во струјата на крвта се судираат со канцерозени клетки кои се одделиле од главниот тумор, во обид да се прошират. Според извештајот кој беше претставен во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, новиот пристап е инспириран од природната цитотоксична активност на убијците на ракот – леукоцитите. Сепак, авторите укажуваат дека се изненадени од резултатите ин витро со човечки клетки и тестовите на глувци кои покажале дека пренаменетите леукоцити се поефикасни од директните напади на клетките на ракот со користење на конвенционалните лекови липозоми или растворливи протеини.

“Резултатите се навистина запрепастувачки, и во човечките клетки и кај глувците. По два часа на протокот на крвта клетките на туморот се буквално разградени”, рече проф. King.

Американскиот експерт смета дека наночестичките би можеле да се користат пред операциите или зрачењето на кои клетките на ракот можат да се одвојат од главниот тумор и да се движат низ крвотокот. Тие, исто така би можеле да се употребат за да се спречи ширењето на високо агресивните тумори.

Но, пред да се воведе во болниците како потврдена терапија потребно е да се направат серија на тестови за безбедност на глувците и поголемите животни. Добрата вест е дека за сега резултатите покажуваат дека новиот метод не го уништува имунолошкиот систем и не ги оштетува другите клетки или крвни садови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top