Home / сведоштва / Го победив ракот ОЗДРАВЕВ – 28 годишен белграѓанец одбил хемотерапија , се лечел природно

Го победив ракот ОЗДРАВЕВ – 28 годишен белграѓанец одбил хемотерапија , се лечел природно

Ниту еден знак на младоликото лице и задоволната насмевка на Игор Јакшиќ (28) од Белград нема да ве натера да се посомневате дека само пред десет месеци се изборил со рак на крајниците. Лекарите од Србија велат дека досега не виделе ваков случај. Додека повеќето луѓе би ги дотолчил фактот дека боледуваат од смртоносна болест, младиот Игор бил попозитивен и пооптимистички расположен од кога и да е. Толку самоуверен, што на половина од третманот самоиницијативно го прекинал зрачењето,кое му го препишале лекарите. Храбриот борец вели дека тоа му е најдобрата одлука во животот.

895677-13Вториот стадиум на карцином, дијагностициран само кај тешки алкохоличари и пушачи, кај Игор бил евидентиран лани на почетокот од ноември.

– На секој човек тешко би му паднало сознанието за болеста на оваа возраст, особено на некој што не пуши, не пие и нема пороци. Долго време го одложував одењето на лекар и кога конечно отидов, некаде во средината на тестирањата, знаев дека е нешто многу сериозно – раскажува Игор.

895720-16Сепак, кога му ја соопштиле лошата вест, тој ја прифатил сосема нормално. Многу не го погодило бидејќи верувал дека с` ќе биде во ред.

– Во животот е важно да се има позитивен став, но тоа никој не може со сила да го направи – се сеќава тој на својата реакција кога дознал дека има рак на левиот крајник, кој ја зафатил и плунковната жлезда.

Веднаш бил успешно опериран, но од денешен аспект вели дека и тоа би го одбил. Почнатиот постоперативен третман со зрачење го прекинал и ги игнорирал советите на лекарите дека ризикува болеста да се повтори.

– Тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Семејството тоа многу тешко го прифати, но тврдам дека беше најдобрата одлука. Нуспојавите од зрачењето беа ужасни – замор и исцрпеност, губење на апетитот. Во меѓувреме, добро се информирав за штетните ефекти на радијацијата и решив да истражам и други методи на лекување. Почнав да јадам само свежа храна, која докажано помага во лекувањето. Што се однесува до ракот, мислам дека класичната медицина е голема заблуда – вели Игор.

895708-15Оди редовно на контрола и резултатите се одлични. Животот го променил од корен.

– Изгледа дека животот треба да ви удри шлаканица за да се освестите и да сфатите дека не е с` во брзањето на работа, по пари, автомобили. Ќе се преиспитате и ќе сфатите дека важен е само овој момент, сега. И преземате драстични мерки и одговорност за вашиот живот – вели Игор.

За почеток го исфрлил телевизорот од дома и тој чекор топло го препорачува на секој човек. Така не се нервира со лоши вести и секое утро практикува јога, медитира, а секој слободен миг го минува во природата.

– Се разбира, тука е и свежата храна. Ако промените барем нешто од сево ова, во најлош случај може да поминете со џумка или гребнатинка, а не како јас – вели Игор.

Во секој чекор го следи неговата девојка Ива. Kај двајцата спонтано се јавила желбата да видат што повеќе од Србија, па решиле да отидат барем на 100 места. Досега ги посетиле ’Ртањ, Соко Бања, кањонот на Тара и многу други.

– С` уште не сме испланирале с`. Седнуваме пред компјутер, „гугламе“ и решаваме кое ќе ни биде следното патување – вели Игор, кој отворил блог за своите патувања.

Повеќе на – БабинЛек.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top