Home / Болести и лечење / Гинеколозите предупредуваат: 5 лекови за вагинални инфекции кои се лоши за вас

Гинеколозите предупредуваат: 5 лекови за вагинални инфекции кои се лоши за вас

За лекување на вагиналните инфекции и воспаленија многу жени користат народни, односно природни лекови кои не ги поминале медицинските испитувања. Гинеколозите предупредуваат колку тие лекови се сигурни за користење.

Bijelo-pranje-216x300За да се излекуваат вагиналните инфекции жените неретко посегнуваат по народни лекови, а овие пет начини на користење на природните средства се најпопуларни:

1. Вметнување на лук во вагината.
2. Ставање етерично масло од чаевец на тампонот.
3. Ставење кантарионово масло на тампонот.
4. Плакнење на вагината со раствор од сода бикарбона и вода или со раствор од јаболков оцет и вода.
5. Ставање јогурт на тампонот кој потоа се става во замрзнувач па тампонот така замрзнат се вметнува во вагината.

Иако, судејќи според написите на форумите, жените се изјаснуваат дека овие домашни лекови им помагаат, гинеколозите предупредуваат дека со нивното користење треба да бидете многу внимателни.

Сите наведени „лекови“ со сигурност можат да предизвикаат алергиски реакции, посебно ако се користат премногу често и во неадекватни дози. Што значи, доколку планирате за лекување на вагиналните инфекции да користите лук, етерично масло од чаевец, сода бикарбона или кој било друг народен лек секако, пред тоа, посоветувајте се со гинекологот и бидете внимателни во нивната примена и дозирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top