Во секоја клетка од човековото тело се наоѓа еден многу посебен ген наречен BRCA1. Овој ген ја контролира брзината на делењето на клетките. Меѓутоа, едноставна негова мутација може да биде доволна за да се развие рак.
BRCA1 (breast cancer 1, early onset) е генот кој го сакаме кога функционира нормално, но го мразиме кога малку ќе се промени.
Доколку мутира, тој прави клетките да се произведуваат многу побргу, поради што ракот расте и се проширува низ телото.
Во видеото е објаснето како овој ген работи (или не работи).