Home / алтернативна медицина / ФОТО: Како нашето тело реагира на емоции

ФОТО: Како нашето тело реагира на емоции

Научниците отсекогаш знаеле дека вообичаените емоции можат да покренат одредени сензации во телото- било да се во прашање „пеперутки“ во стомакот (нервоза) или врели образи (срам). Меѓутоа, новата студија сугерира дека сите доживуваме исти сензации во телото кои се во директна врска со нашите чувства без разлика на културата или јазикот- поради тоа што врската меѓу умот и телото е поврзана со нашиот нагон за опстанок

emocii
-Нашиот емотивен систем во мозокот испраќа сигнал до телото, за да можеме да излеземе на крај со одредена ситуација. Да речеме, гледаме змија и чувствуваме страв, нервниот систем го зголемува протокот на кислород кон мускулите и го зголемува бројот на отчукувањата на срцето, за да можеме да излеземе на крај со заканата. Во прашање е автоматизиран систем и во тој момент за тоа воопшто не размислуваме за таа реакција- тврди д-р Лори Нуменма, водач на студијата од Алто универзитетот од Финска.

Резултатите покажале дека мнозинството луѓе има идентични физички реакции за секоја емотивна состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top