Home / Болести и лечење / Eве зошто сте постојано уморни – и како да си помогнете

Eве зошто сте постојано уморни – и како да си помогнете

Хроничниот замор е болест или состојба која ја карактеризира чувство на неверојатен замор. Заморот се влошува со физички или ментален напор и не поминува дури ни кога се одмарате. Бидејќи симптомите на хроничен замор е многу тешко да се измерат, оваа состојба до неодамна не беше сфатена сериозно. Меѓутоа, денеска лекарите и научниците се согласни дека оваа болест навистина постои.

important-is-sleepСимптоми на болеста

Луѓето кои страдаат од хроничен замор можат да имаат повеќе симптоми, кои можат да се појавуваат и исчезнуваат без никаков одреден редослед.

Главните симптоми вклучуваат: замор, губење на помнењето или концетрацијата, болка во грлото, зголемување и болни лимфни јазли на вратот или под пазувите, необјаснива болка во мускулите, болка од еден до друг зглоб, сон кој не носи одмор и освежување, екстремна исцрпеност која трае над 24 часа.

Дополнителни симптоми се: болка или надуеност на стомакот, дијареа, алергија или пречувствителност на одреден вид храна, мириси, хемикалии, лекови, вртоглавица, бессознание, сува уста, болки во увото, градите или вилицата, аритмија, утринска вкочанетост во зглобовите, мачнина, ноќно потење, психолошки проблеми, депресија, анксиозност, напади на паника, отежнато дишење, проблеми со видот како замаглен вид, чувствителност на светлина или болки во очите, ненадејно слабеење или дебелеење.

Причини на хроничниот замор

Постојат неколку можни причини на хроничниот замор: депресија, анемија, хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), алергија, вирусни инфекции (на пример Епстеин-Баров вирус или херпес вирус 6), неправилно функционирање на имунолошкиот систем, хормонално пореметување, автоимуна болест, хронично низок притисок.

Понекогаш симптомите на хроничниот замор можат да бидат предизвикани од други болести (артритис, пореметување на сонот, хепатит, леукемија, рак…) или земање одредени лекови.

sleeping work

Причини на хроничниот замор според алтернативната медицина:

Епстеин-Баров вирус (HHV-4). Првично се сметало дека овој вирус е единствениот причинител на хроничниот замор. Епстеин Бар е доста распространет вирус (присутен е кај 95 отсто од населението, но голем дел од нас развиваат имунитет на него). Според лекарите на конвенционалната медицина, Епстеин Баровиот вирус е поврзан со многу болести како инфективна мононуклеоза, рак, системски лупус, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, хроничен замор.

– Кандида. Неправилната исхрана, прекумерното користење антибиотици, нездравиот начин на живот, можат да придонесат на раст на кандидата во организмот. Во овој случај организмот ќе троши повеќе енергија за одбрана од кандидата. Според алтернативните експерти, кандидата може да предизвика сериозни здравствени проблеми како хроничен замор, алергии, артритис, дури и рак.

A fisheye image of a nervous woman biting her nails.

– Недостиг на витамини и минерали во организмот. Ако подолго ни недостасува одреден витамин или минерал, тоа сигурно ќе се одрази на нашата здравствена состојба. Многу е веројатно дека првиот симптом ќе биде хроничен замор.

– Паразити. Сите луѓе ги носат во себе (според истражувањата просечен Американец во своето тело носи барем половина килограм паразити). Паразитите ги крадат витамините и минералите од нашето тело, а за возврат испуштаат токсини кои го оптоваруваат организмот).

– Стрес. Освет штетата која може да ја нанесе со адреналните жлезди и нервниот систем, стресот исто така влијае на нашиот имунитет и губењето витамини. Долготрајната изложеност на стресот исто така влијае на хроничниот замор.

– Депресија. Немојте да ја потценувате. Таа не е само емоционален, туку и физички товар.

– Токсини во организмот. За жал живееме во загаден свет. Токсините во воздухот, водата, храната влијаат на нашиот живот. Нашето тело има своја граница на толеранција на токсини, по што почнува да дава знаци на тревога како пад на имунитет, постојан замор, алергии..Многу е битно редовно да се чисти организмот од токсини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top