Home / Болести и лечење / Еве што му прави смогот на вашиот мозок

Еве што му прави смогот на вашиот мозок

Според новото научно истражување загадениот воздух може да предизвика намалување на волуменот на мозокот и да го зголеми ризикот од негово оштетување.

zagaduvanje1-300x200Истражуањето траеше десет години, а опфатени беа 940 лица на возраст од 60 години кои живееле во подрачја со помало загадување на воздухот. МРИ е користен за утврдување на долгата изложеност на загадените честички на воздухот на нивната мозочна структура. Станува збор за честички на воздухот кои доаѓаат од издувните гасови, од запалени дрва или јаглен и другите извори, пренесува црногорски „Вијести“.

Резултатите биле зачудувачки. Оние кои живееле во загадени подрачја низ десет години следење имале намалување на волуменот на мозокот за 0,3 отсто на секој два милиграма по метар кубен загадени честички (ug/m3) и 46% зголемен ризик за облик на тивок мозочен удар.

Научниците додадоа дека таа редукција во волуменот на мозокот е споредлива со една година стареење на мозокот и дека долготрајна изложеност може да предизвика невролошки проблеми, пред се, деменција, мозочен удар но и депресивно нарушување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top