– Чај од жалфија. Добар е за плакнење на грлото и усната шуплина. Помага при воспалено грло и настинки.
– Чај од шипки. Добар е против настинка бидејки содржи многу витамин Ц.
– Чај од липа. Одличн е за добар сон.
– Чај од хибискус. Ја намалува опасноста од покачен крвен притисок, содржи многу витамин Ц и може да биде афродизијак.
– Чај од брусница. Има одлични антибактериски својства и се препорачува при проблеми со уринарните патишта.
– Црн чај. Го намалува крвниот притисок и го чува срцето и крвните садови.
– Зелен чај. Содржи корисни полифеноли кои се силен антиоксиданс, па помагаат во борба против рак или при диети кај луѓе кои имаат поспор метаболизам. Може да го пиете и разладен со лимон, а помага и во губење на килограми, штити од рак, го намалува ризикот од мозочен удар и го чува непцето.
– Чај од нане. Го смирува стомакот, ја намалува температурата и ги намалува болките.
– Чај од мајчина душичка. Се препорачува за смирување и против зарипнатост.
– Чај од камилица. Се употребува во тек на лекување на очни инфекции, тешкотии со варењето и иритација на кожата, добар е за грлото, кога ќе загнои заб или ќе потече, против воспаление на непцата, против подуеност и мачнини во стомакот.