Home / аларм / Еве кои лекови мора да ги понесете на зимување со дете

Еве кои лекови мора да ги понесете на зимување со дете

Заминувањето на пат со детето бара детални припреми, а морате да бидете спремни и за непредвидени ситуации. Така, домашната аптека е составен дел од багажот. За да не ви се случи да заборавите нешто важно, најдобро пред почетокот на пакувањето да направите список на сите нешта кои планирате да ги понесете.

koi-lekovi-da-gi-ponesete-na-zimuvane-so-dete-1Тоа што треба да го имате со вас е здравствената книшка (осигурување), основните лекови, термометар и други медицински средства кои можат да ви затребаат во текот на патувањето и престојот на планина. Сепак, пред да појдете на пат, посоветувајте се и со својот педијатар.

Што ако детето се разболи во текот на зимувањето?

Доколку бебето или детето настине, добие температура, го заболи увото или слично, потребно е да се консултирате со лекар, па дури потоа да посегнете по лекарствата кои сте ги понеле. Најдобро е да му се јавите на вашиот педијатар, кој е запознат со здравствената состојба на вашето дете и ќе ви даде најдобар совет што да превземете.

Што да понесете за спуштање на температурата?

Вашата домашна аптека за прва помош секако треба да содржи лекови за намалување на температурата. Најдобро е да го понесете сирупот кој вообичаено му го давате, бидејќи за него сте сигурни дека детето добро го поднесува. Родителите често се двоумат помеѓу парацетамол и ибупрофен, а вие одлучете на база на вашето дотогашно искуство. Ако имате бебе, понесете и чепчиња за намалување на температурата, кои ќе ги употребите само со препорака од вашиот педијатар.

Дали се потребни и капки за нос?

Поради промена на климата, кај децата кои зимуваат на планина често им “проработува” носето. Поради тоа ноќе не можат да спијат, а доколку се случи секретот од носот се слие во грлото, тогаш може да настанат посериозни проблеми. Затоа е потребно на детето од време на време да му ставате капки во носот. Најпрактични се оние со распрскувач. За бебиња постојат посебни, благи раствори, кои помагаат во олеснување на дишењето.

Дали е потребно да се понесе и нешто против алергија?

Не би било на одмет да понесете со себе и некој лек за ублажување на алергиските реакции, особено ако вашето дете веќе го има тој проблем. Може да се случи детето одеднаш да добие осип, па во тој случај сирупот со антихистаминик добро ќе ви дојде. Без оглед на тоа дали веќе сте користеле некој сличен лек или не, пред негова употреба консултирајте се со лекар, особено ако се работи за сериозна алергија. Доколку на зимување одите со бебе, не ризикувајте со воведување на нови намирници во исхраната, од кои би можело да добие алергија.

Што се да спакувате во вашата торба со лекарства?

Немојте да претерувате со пакување, бидејќи најчесто местата на кои одите со деца имаат аптека во која можете да купите се што ќе ви притреба. Сепак, она што не треба да го заборавите е следново:

  • термометар
  • здравствена книшка
  • сируп за спуштање на температурата
  • Оросал или сл. (против дехидратација во случај на дијареа)
  • пробиотик
  • капки за нос
  • маст за очи
  • капки за уши
  • сируп против алергии (антихистаминик)
  • стерилна газа
  • фластер
  • сретство за дезинфекција (повидон, хидроген или борна киселина)
  • пинцета

http://bebeboom.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top