Home / Болести и лечење / Еве како сами да откриете дали сте слабокрвни

Еве како сами да откриете дали сте слабокрвни

Анемијата е заболување кое е предизвикано од намален број на црвени крвни зрнца, намалено ниво на хемогоблин и/или намалени еритроцити во крвта, поради што во срцето, мускулите, мозокот и друтие делови од телото не пристигнува доволно кислород.

anemija_simptomiАнемијата може да биде предизвикана од обилно крварење, недостаток на фолна киселина или витамин б12, пореметување во созревањето на еритроцитите, како и појачано или забрзано разградување на црвените крвни зрнца. Сепак, најчест причинител на слабокрвноста е недостаток на железо, пренесува Попара.мк.

Ова заболување понекогаш се развива и покрај правилната исхрана бидејќи телото е подложно на некоја друга болест или примена на некои лекови и не може да апсорбира доволна количина железо.

Голем број на трудници патат од анемија бидејќи го занемаруваат фактот дека на нивното тело во овој период им е потребно поголема количина од овој минерал.

За слабокрвноста карактеристични се честите главоболки, повремено гушење проследено со недостаток на воздух, губење на концентрација, умор и срцева аритмија. Лицето и слузокожата стануваат бели, ноктите крути, а се јавува и осетливост на инфекции.

Бебињата и малите деца со анемија губат апетит, не можат долго да одржуваат внимание, подоцна проодуваат или прозборуваат и заостануваат во развојот. Многу е важно да се обратите на лекар веднаш кога ќе се посомневате во анемија, а терапијата ја препишува исклучиво специјалист, бидејќи неконтролиран внес на железо може да предизвика оштетување на јетрата.

One comment

  1. moze da pokaze i nagliot pad na krvniot pritisok deka nekoe lice e anemichno.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top