Home / природен лек / Еве како лесно да го спречите црвенилото на лицето

Еве како лесно да го спречите црвенилото на лицето

Aко имате навистина црвена кожа која брзо се воспалува од емоции, која реагира на зачинета храна или алкохол, која се надува и се прошарува со акни, покрај тоа што е хронично премногу црвена, можеби имате розацеа.

Се разбира, постојат начини тоа да се регулира, без вашата убавина и самодоверба да страдаат.

vcrveneto lice

Ова можете да го спречите на многу едноставен начин –неколку минути пред некој јавен настан, држете лед или ладна течност во устата и на тој начин ќе ги блокирате импулсите на нервите кои го стимулираат црвенилото.

Од што треба да се чувате?

Ако имате претежно црвена кожа која лесно се воспалува, најдобро би било да ја одржувате свежа, да ја ладите и да биде секогаш покриена.

Некои луѓе повеќе се вцрвуваат и воспалуваат кога јадат или пијат топли работи, како чај, супа или зачинети и лути јадења.

Дерматолозите советуваат дека би било корисно со себе да носите навлажнувач со свежа, минерална негазирана вода и да го влажните лицето на секој час во текот на денот.

Никогаш голи пред сонцето

Кога мислите на тоа кожата да ја одржувате свежа, концентрирајте се на нејзината заштита.

Ова значи секогаш кога ќе бидете излезени на сонце, обврзно да носите шапка.

Што значи да користите блокатор за сонце, а не препарат за заштита од сонце, бидејќи разликата е многу значајна: препаратот за заштита од сонце сепак го пропушта сонцето, а блокаторот спречува тоа да продре во кожата.

Барајте производи што содржат цинк оксид, најдобриот познат блокатор за сонце.

Трудете се лицето и вратот секогаш да ви бидат покриени со блокатор за сонце, дури и кога излегувате само до продавница.

Сонцето може да ве улови и додека сте во автомобил.

Олеснување за разубавување

Најновите искуства во козметиката за нега на кожата го покажуваат благотворното дејство на екстрактите од зелен и бел чај.

Екстрактот од зелен чај можете да го примате внатрешно и најчесто се додава во суплементи за слабеење, витамини и ужинки, бидејќи хемикалиите во зелениот, а и во белиот чај, ја поттикнуваат работата на метаболизмот.

Особено кај розацеата, зелениот чај во комбинација со кофеин ефективно ги намалува ефектите од изложеноста на сонце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top