Free songs
Home / Болести и лечење / Епидемија на кондиломи

Епидемија на кондиломи

Овој вирус се манифестира со вирусни брадавици кој најчесто се лоцирани на половите органи и кај жените и кај мажите. Кај жените можат да се појават во цервикалниот канал и на грлото на матката,а додека кај мажите се појавуваат на тестисите и поретко во мочниот канал.

HPV kondilomiКондиломите се појавуваат и во аналниот отвор и околу него, а исто така можат да се појават и во грлото и на јазикот. Кога се на кожата изгледаат како ситни брадавици т.н. дршки. Повекето брадавици се цврсто впиени во кожата, најчесто на рацете, под пазувите,  под градите кај жените, на вратот или околу очите.

Самиот вирус може да се добие само со полов однос со партнер кој е заразен со ХПВ вирус. Меѓутоа брадавиците можат да се пренесат и со директен контакт преку заразена кожа и слузокожа, обично во текот на орален, полов или анален секс со инфициран партнер.

Најчесто се појавуваат кога доаѓа до ослабнување на имунитетот, но ХПВ може да се активира и без одредена причина, како што се случува со некои други болести, особено ако е од групата на сексулано преносливите заболувања или заради земањето на одредени лекови.

Недостатокот на фолна киселина и витаминот А исто така може да се манифестира со вирусни брадавици.

Инфекцијата со хуман папилома вирусот е поврзана со речиси 90 проценти од малигните тумори на грлото на матката и претставува значаен фактор за ризик од карцином на вагината, анусот, вулвата и пенисот. Така подтиповите број 6 и 11 се карактеризираат со генитални брадавици, но се сметаат за ниско ризични бидејки многу ретко ке предизвикаат генитален или анален рак.

Од друга страна пак под типовите 16 и 18 многу ретко предизвикуваат брадавици, но се наоѓаат во групата на високо ризични, бидејки можат да доведат до рак на грлото на матката или анален карцином.

Цервикалните брадавици (внатрешните брадавици кои се наоѓаат во цервикалниот канал) можат да се пренесат на новороденче за време на минувањето низ заразениот породилен канал.

Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата е зајакнувањето на имунитетот. Затоa се препорачува јакнење на имунитетот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, и доволно одмор, сон и шетање.

Основните групи на лекарства кои имаат ефект во лекувањето на гениталните брадавици се следните:

  • Антимитотички агенси – лекови кои го кочат клеточниот раст со прекинување на клеточната делба,. Значи тие дејствуваат врз процесот на делењето на клетката и може да имаат блокирачко дејство врз ширењето на вирусот: Podofilox , Podophillin, 5-Fluorouracil. Обично се во форма на гел или раствор кој се нанесува на самата брадавица. Тие делуваат на тој начин што ја уништуваат слузницата на местото на брадавицата.
  • Имуномодулатори – дејствуваат на јакнењето на природниот имунолошкиот систем кај човекот и предизвикуваат засилен антивирусен одговор. Тоа се лекови – модификатори на биолошкиот одговор. Овие креми се користат за лекување на надворешни генитални брадавици брадавици во или околу анусот. Овие лекови делуваат на тој начин што го стимулираат имунолошкиот систем на пациентот да се бори против ХПВ вирусот (интерферон алфа).
  • Кератолитици – бргу навлегуваат во структурата на кожата и хемиски влијаат на кератинот и другите ткива. Овој метод е адекватен на криотерапијата и електро-терапијата: Салицилна киселина, Трихлороцетна киселина.

Билните креми за одстранување на брадавици на кожата и на половите органи како и вагиналети за брадавици во цервикалниот канал и анусот, сега можете да ги најдете и на нашиот пазар и некои од нив веке имаат стекнато репутација за ефикасен и безбедносен препарат против брадавиците.

Покрај кремите, има и билни мешавини, во главно за имунитет, но некои од нив содржат и специфични антивирусни билки. 

Во третманот на генитални брадавици се применуваат следниве тераписки интервенции:

  • Криотерапија. Криотерапијата е всушност терапија со многу ниска температура, која се изведува со течен азот на температура од минус 198 степени. Криотерапијата овозможува отстранување на гениталните брадавици. За време на оваа интервенција, брадавицата се замрзнува со течниот азот. Замрзнувањето предизвикува формирање на мал плик околу брадавицата. Потоа, мртвото ткиво отпаѓа за околу една недела. Оваа интервенција создава мала болка во пределот на лезијата и ја изведува исклучиво лекар. Криотерапија изведена на грлото на матката предизвикува појава на обилен течен исцедок кој трае околу еден месец по интерванцијата.
  • Локална примена на одредени хемикалии и киселини. Постојат неколку хемикалии и киселини кои доколку се аплицираат на површината на брадавицата создаваат мал плик кој ја подига истата, така да лекарот потоа лесно може да ја отстрани. Хемикалијата или киселината предизвикува појава на плик на местото на брадавката, кој може да предиџвика лесна болка.
  • Електрокаутеризација (горење на брадавицата со употреба на електрична струја). Електрокаутерот овозможува електро и термо каутеризација. Со овој апарат се отстрануваат гениталните брадавици, но и други тумурозни промени што не можат да се отстранат со криотерапијата.
    Гениталните брадавици се отстранат со нивно горење, користејќи ниско волтажна струја. Оваа се изведува во гинеколошка амбуланта под локална анестезија.
  • Хируршко отстранување на гениталните брадавици. Ова е мал хируршки зафат кој се состои од отсекување на брадавицата. Тој се изведува од страна на лекар, во локална анестезија и во амбулантски услови. Интервенцијата може да е пропратена со локална болка, која по извесно време поминува.
  • Ласерска хирургија (користење на силна светлина со која се уништуваат брадавиците). Оваа метода се користи обично кај поголеми брадавици, кои неможат да се отстранат со криотерапијата, или кога се присутни повеќе на број брадавици. Оваа метода се користи во оние случаи кога брадавиците не можеле да се отстранат на друг начин. Интервенцијата се изведува во амбулантски услови, во локална анестезија и ја изведува лекар.
  • Интерферон. Интерфероните се протеини кои се ослободуваат од клетката заразена со вирус и им наложуваат на околните клетки да произведуваат ензими кои ќе ја спречат вирусната репликација. Интерфероните го стимулираат природниот имунолошки систем на организмот кој се бори против вирусот.
    Интерферонот се вбризгува со игла директно во брадавицата. Овој третман е ефикасен како и останатите третмани, но сепак поретко се користи поради непријатниот начин на нанесување на лекот, потребата од често повторување на интервенцијата и поради несаканите ефекти. Се користи во оние случаи кога другите тераписки опции не дале добри резултати.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top