Ако по 7 или 8 часа сон се чувствувате уморно и поспано и по спиењето ве боли глава и мускулите, време е за промени.
1. Спиење на стомак
Иако можеби ви се чини дека во оваа положба го истегнувате телото и го порамнувате грбот, спиењето на стомак всушност има спротивен ефект кој ќе го почувствувате наутро по станувањето од кревет.
Во оваа поза многу е тешко да ја задржите природната и опуштена положба на карлицата. Исто така, на овој начин создавате зголемен притисок на препоните и другите стомачни мускули, нозете и рацете, што го надразува нервниот систем на организмот и може да доведе до затегнување и болки во мускулите. Слично е и со положбата на главата која е поставена максимално на страна, со што тетивите се затегнати, нервите притиснати, што може да доведе до болки во вратот и неочекувани главоболки.
2. Положба на фетус
Иако се работи за положба на спиење во која многумина уживаат, обидете се да направите мали, но големи промени во спиењето и избегнувајте ја. Во положба на фетус карлицата е свиткана во форма на буквата C што никако не е природно.
Исто така, во оваа положба страдаат и вашите колена, кои ако долго се свиткани во иста положба ја влошуваат циркулацијата и предизвикуваат болки во зглобовите.
Исто така, оваа положба на спиење ја притиска дијафрагмата и со тоа го отежнува дишењето. Притисокот на градите може да предизвика тапа болка, а тој на лицето поттикнува стареење со привремени брчки. Оваа положба единствено е добра и корисна за бремени жени бидејќи се намалува притисокот на стомакот и го олеснува дишењето.