Шансите дека болни од рак ќе живеат подолго од десет години денес се многу повисоки отколку пред 40 години. Речиси половина од пациентите кои имаат малигна болест живеат најмалку 10 години од дијагностицирањето , тврдат научници од Центарот за истражување на ракот во Лондон кои ги анализирале податоците на повеќе од седум милиони пациенти во периодот од 1971 до 2011 година, пишува Здравство24.
Пациентите чија болест била дијагностицирана сега имаат 50 отсто шанси дека ќе преживеат наредните 10 години , а пред 40 години тој процент бил само 24 %. Повеќе од половина од пациентите со рак нво 70-тите години починале само една година по дијагнозата.
Шансите за опстанок зависат и од видот на рак. Пациенти со рак на панкреасот имаат еден отсто шанси дека ќе преживеат 10 години, и луѓето со рак на белите дробови пет проценти , покажало истражувањето.
Научниците се надеваат дека во наредните 20 години, повеќе од десет години живот од дијагнозата ќе имаат три- четвртини од пациентите што се должи на раното откривање на клетките на туморот и подобар третман.