Home / сведоштва / Доживеав да се радувам на внуците: Првиот пациент во Македонија со операција на отворено срце

Доживеав да се радувам на внуците: Првиот пациент во Македонија со операција на отворено срце

,,Ме праќаа на операција во Бугарија, но јас сакав овде дома да останам тука да се оперирам. Размислував и се бодрев, си велев  некој мора да биде прв. Бев сигурен во тој човек,  и ете ме денеска ме гледате  жив и здрав“.

Prv pacient otvoreno srce zan mitrev2Први март 2000 година. Главна вест на сите медиуми  е првата бај-пас операција во Македонија , која треба да ја направи кардиохирургот д-р Жан Митрев. По многу години поминати во едукација и пракса по светот тој го остварува својот сон, повторно е дома. Првиот пациент кој ќе биде опериран е К.Ш,  55 годишен машино- бравар од Кочани.

Претесна е операционата сала за сите фоторепортери, новинари, сниматели.  Годините на одлука го имаат овој ден, ден за паметење, датум за историја. Операцијата трае повеќе од 4 часа, пациентот е стабилен , лекарскиот тим  задоволен, почетокот е завршен.

И така почна се. Како што напиша д-р Митрев во една прилика: „ Тоа беше мојата најтешка операција. Операција на духовното срце на Македонија. Реализација на една визија.“  Визијата доби живот, животот доби име кардиохирургија „Филп Втори“. Специјална Болница по хируршки болести  која стана репрезент за Европското  здравство овде на бурниот  Балкан. Многу причини за годрост, македонска гордост.

Prv pacient otvoreno srce zan mitrevИ денеска  15 години потоа уште една средба помеѓу првиот кардиохирург и првиот пациент. Задолжително фотографирање да се овековечи моментот, но и за споредба и потврда дека годините поминале.

Разговорот непосреден, исполнет со заедничко прелистување на спомените оние од  2000 година.

Г-динот К.Ш на прашањето како денеска гледа на тој ден и што се му се случувало, ни одговори:

„Благодарение на д-р Митрев дочекав да омажам деца, да се радувам на внуци, да живеам. Тој за мене е човек број еден. Ме праќаа на операција во Бугарија, но јас сакав овде дома да останам тука да се оперирам. Слушнав за д-р Митрев и одлучив. Многу поминав низ животот. Јас ја имам судбината на  дете бегалец од Егејска Македонија и на денот на операцијата постојано размислував за моите корени за Лерин за Сетина. Размислував и се бодрев, си велев  некој мора да биде прв. Со душа го чекав тој ден, повеќе не можев да ја носам планината врз мене, тежината од болното срце. Бев сигурен во тој човек, разговорите со него пред операцијата ми создадоа доверба  и ете ме денеска ме гледате  жив и здрав“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top