Бидете хумани, покажете ја човечноста на дело за што поскорешно санирање на последиците од поплавите се неопходни финансиски средства. И Вие можете да се вклучите во помошта преку следниве телефони и жиро сметка
Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја. Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.
На отворениот телефонски број 143-400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.
Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помо во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција…
На социјалната мрежа „Фејсбук“ е формирана група „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ на која може да се добијат информации за потребната помош од волонтери, помош во вид на донации, информации за нови собирни места за помош, за расположливите човечки ресурси за директна помош, како и информации за состојбата на терен.
Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.