Home / бабини рецепти / Домашни лекови кои навистина делуваат

Домашни лекови кои навистина делуваат

Мед

bosilek-300x223Се користи за: Мали исеченици и изгореници, кашлица и главоболка.

Како делува: Многумина од нас ставаат мед во чајот за да се смири главоболката, но медот со векови се користи и за лечење на рани. Истражувањата покажуваат дека медот помага во лекувањето на умерените изгореници.

Пробајте го ова: Нанесете топол мед на малата исеченица или на благата изгореница, а местото превиткајте го со чиста газа и менувајте ја еднаш дневно. Сепак, ако имате посериозна исеченица или изгореница, посоветувајте се со својот доктор.

Сол

Се користи за: Синуси, болки во грлото

Како делува: Кога ќе измешате сол во вода во поголемата концентрација од соли во нашето тело, тоа ќе ги извлече течностите од ткивата.

Пробајте го ова:  За главоболка, потопета половина лажичка кујнска сол во чаша вода и едноставно направете гаргара за грлото. За синусите, земете чист сад со тенко грло и наполнете го со истата мешавина и капнете неколку пати во носот. Користете само стерилна вода или превриена вода оладена на собна температура.

Чај од нане

Се користи за: Проблеми со дигестивниот систем, болки во стомакот

Како делува: Маслото во листот од нанде и неговото смирувачко дејство делува одлично на дигестивниот тракт.

Овесни снегулки

Се користат за: изгореници, осип

Како делуваат: Овесните снегулки содржат фитохемикалии со противоспалително дејство кои смирувачки делуваат на воспалената кожа.

Пробајте го ова:  Овесните снегулки измелете ги во прав. Ставете ги во сад со топла вода и оставете ги 15 минути.  Потоа ставете ги на делот од кожата кој е воспален. Ако се работи за сериозно воспаление или осип посоветувајте се со својот доктор.

Без оглед дали сте настинати, ве мачат болки во стомакот или имате исеченица, првата помош можеби се наоѓа во вашата кујна полица. Некои домашни лекови се докажале како делотворни низ многу генерации, вели Philip Hagen, специјалист по превентивна медицина од Клиниката Mayo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top