Home / бабини рецепти / Домашен лек за модрици и хематоми

Домашен лек за модрици и хематоми

Доколку се удрите, а склони сте на модрици и хематоми, овие совети се вистинско решение за вас.

На болното место ставете ладна облога и држете ја половина час. Многу корисен може да биде и ледот, но со него морате да бидете внимателни и да го ставате по 5 минути со паузи за да не дојде до трнење на ткивото.

modrici (1)Ледот е одличен бидејќи освен што ја смирува болката, ја успорува и циркулацијата на крвта и на тој начин го спречува создавањето на хематоми. По половина час од третманот со лед болното место треба да го намачкате со крема на база на невен. Доколку хематомот веќе се создал, подобро решение се топли облоги и блага масажа на болното место.

На овој начин побргу се ресорбира веќе настанатиот хематом. Многу ефикасно е и парче свеж ананас бидејќи содржи фермент кој ја забрзува ресорбцијата на хематомот. За истата цел може да се користи и компир. Треба да го сварите, потоа да го излупите и да направите пире. Во смесата да додадете малку мед и обична вода и така добиената смеса да ја ставите на модрицата.

Уште една варјанта е премачкување на болното место со газа натопена во оцет и тоа неколку пати во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top