Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрилни дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот. Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични болки доколку не се лекува навремено.
1.Едно парче глина (хума) од аптека, се чува изложена на сонце 3 дена. Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода.
Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облогата во вид на палачинка.
Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и втор пат навечер, а се остава да делува 3-4 часа.
2.Потребни состојки:
3 главици лук
1 лажица сода бикарбона
1 лажица чист алкохол од аптека
1 лажица масло
Подготовка:
Сите состојки се мешаат а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место. Претходно кожата на болното место треба да се измачка со свинска маст. Се остава да отстои неколку часа или да преноќи. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.