Home / нови лекови / Доктори му спасија живот на бебе со помош на 3Д испринтан мозок

Доктори му спасија живот на бебе со помош на 3Д испринтан мозок

Пред нешто повеќе од една година малечкиот Габриел Мандевил беше првото новороденче чиј хируршкиот зафат лекарите го вежбаа на 3Д отпечаток.

20130206-pronajden-centarot-za-zlo-vo-mozokot-promenata-na-frontalniot-mozok-se-naogja-kaj-site-psihopati-1-300x195Габриел имаше чести епилептични напади, и откако ги испцрпија останатите можности, лекарите се одлучија за хемисферектомија, операција со која се одделуваа здравиот дел на мозокот од делот кој ги создава епилептичните напади. Ова е една од најсложените операции, па на Др Џозеф Медсен му беше потребен модел за вежбање на операцијата. Тука своето место го пронајде 3Д-отпечатокот, на кој беше детално отпечатен мозокот на Габриел, со дебелина на слој 16 микрометри и различна боја за крвните садови. Овој модел се користеше во симулациите кои го подготвија Др. Медсен за операцијата

„Хируршките подготовки преку симулатори им овозможува на хирурзите да бидат подотвени многу побрзо. Не можеме да ги предвидиме сите компликации, но можеме да отстраниме голем дел од проблемите.“.

Операцијата на Gabriel беше успешна. Една година по операцијата Габриел нема повеќе проблем со епилептични напади. „Мозоците на децата се толку издржливи. Веќе повторно се поврза. Започна да стигнува до важните настани кои ги пропушти – се буди со насмевка секое утро“, вели мајката на Габриел за Verge, за втора сезона од серијалот Detours со кои се разгледуваат неконвенционалните решенија.

It.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top