Кажете и на водата дека сакате да бидете здрави и ќе бидете здрави. Што и да и кажете на водата, таа ќе запамети и така ќе биде. Ако ги земете на пример фактите дека сте создадени од вода и дека сте еден голем сунѓер натопен со вода, ќе сфатите колку е важна неверојатната способност на молекулите на водата кои паметат се. Ова се релативно нови откритија во модерната наука.
Со појавата на микроскопот и фотоапаратото се дојде до докази за „големината“ на водата и нејзината моќ. Уште од дваесеттите години на минатиот век, група на научници тврделе дека водата е “жива” и дека има свој живот и смрт, и дека, ако со неа се постапува несоодветно таа може да биде лоша и болна и својата болест да ја префрли на сите живи суштества. Денес, секој може со свои очи да се увери каква трансформација доживуваат молекулите на водата, доколку тие го слушаат Моцарт или пак хеви метал или пак ако некое време поминат кај новороденче или сериозно болен.
Време е да го промените својот став кон водата. Време е да го прифатите фактот дека квалитетот на вашиот живот зависи од вашиот пристап до водата, вашите зборови и мисли.
За да разбереме подобро како изгледаат и што прават молекулите на водата се потрудил јапонскиот научник Масару Емото, кој се занимавал со надворешните влијанија врз водата – од загадување па се до зборови, мисли, музика и молитви. Тој издал книга „Порака сокриена во водата и нејзината вистинска моќ“.
Во истражувањето зел чаша со дестилирана, нетретирана вода на која и пуштал различна музика неколку часа. По замрзнувањето на молекулите неговиот тим направил фотографии и виделе извонредни промени. Молекулите на водата, на кои им била пуштена класична музика, го менуваат обликот и се трансформираат во кристали со совршена форма со барокни украси и совршени пропорции, додека влијанието на хеви метал музиката направила молекули без форма и пропорција и непријатни за гледање.
Самиот научник Масару Емото тврди дека животот и светот во кој живееме зависи само од нас. Ако мислите и говорите зборови полни со љубов и благодарност , такви ситуации ќе ви се случуваат околу вас. Ако ширите песимизам , страв, фрустрација или тага, тоа ќе биде вашата животната средина.