Home / Болести и лечење / Дали знаете без кои органи човекот може да продолжи да живее?

Дали знаете без кои органи човекот може да продолжи да живее?

Речиси сите луѓе се раѓаат со целосно оформени и функционални органи и секако истите се труди и сака да ги задржи во текот на целиот живот.

creva-teloГрижата за нашето здравје треба да биде приоритет, но сепак не е на одмет за знаеме без кои органи човекот може да живее, доколку (не дај Боже) има потреба да му бидат отстранети.

Бубрег

Човекот има два бубрези, но потребен му е само еден за да преживее. Постојат луѓе кои се раѓаат со еден бубрег, или пак луѓе кои живеат со еден затоа што другиот морале да го отстранат поради здравствени проблеми или поради донација. Човекот со еден бубрег може да живее со мали здравствени предизвици, а во повеќето случаи без никакви здравствени проблеми.

Слезина

Таа филтрира крв и помага во борбата против инфекции, но не е неопходна за преживување. Слезината најчесто се отстранува кога е оштетена. Сепак, докажано е дека луѓето кои немаат слезина, потешко се борат против инфекции.

Репродуктивни органи

Не е реткост на жената да ѝ се отстрани матката за да се излечи од рак, а после тоа да продолжат со нормален живот. Исто така, отстранувањето на тестисите не го загрозува животот на мажите.

Желудник

Понекогаш се отстранува целиот желудник за да се излечи организмот од рак. После отстранувањето, се прави зафат во кој танкото црево се поврзува со хранопроводот. После неколку недели од опоравувањето личноста без поголеми тешкотии може да продолжи нормално да јаде.

Дебело црево

Дебелото црево се отстранува како последица од рак или Кронова болест. Луѓето може да живеат без дебело црево, но им се вградува мала ќесичка која ја собира столицата. Исто така, може да се направи зафат во кое тенкото црево ќе ја преземе улогата на дебелото црево и тогаш воопшто не е потребна ќеса.

Слепо црево

Слепото црево е почетниот дел од дебелото црево. Научниците сè уште не ја знаат неговата улога, но без проблем може да се отстрани при воспаление или при повреда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top