Додека во многу популарни диети се промовира зголеменото конзумирање на протеини, како Аткинсовата, Дукановата, диетата „South Beach“, неодамнешните истражувања покажаа дека зголеменото ниво на протеини, и тоа првенствено на оние од животинско потекло, може да предизвика несакани последици по организмот.
Авторите на студијата тврдат дека токму тие луѓе, чија исхрана се базира на протеини, имаат четири пати поголеми шанси да развијат некаков вид на малигно заболување, но и дијабетес.
Многу луѓе ќе се изненадат дека исхраната која се заснова на јајца, млеко, месо и сирење може да го зголеми ризикот од рак исто како и пушењето 20 цигари дневно.
Од друга страна, негативното влијание не е забележано при конзумриање на протеини од растително потекло.
Истражувачите дојдоа до овие резултати со проучување на 6400 луѓе постари од 50 години. Ако сакате да го избегнете зголемениот ризик од болести како ракот или дијабетесот, тогаш не би требало да ја надминувате препорачаната дневна доза на протеини.
Denesen.mk