Home / аларм / Дали доволно често ја менувате перницата? – еве на што спиете

Дали доволно често ја менувате перницата? – еве на што спиете

Според стручните лица, идеално би било перниците да ги менуваме на 6 месеци, а задолжително на 2 години.

„Луѓето често ја нагласуваат важноста на чистотата на душекот, но забораваат на перницата. А перницата не е нешто на кое би сакале да ја ставите главата по 6 месеци“, вели Роберт Оксман, директор на институтот „Sleep to Live“.

bakteriiПричината е што во перницата остануваат заробени еден куп нешта како нечистотија, маснотии и мртви кожни клетки, како и многу видови на микроскопски бактерии и пајачиња. Со еден збор, на перницата се кријат нешта на кои не би сакале да го допрете лицето.

Акумулацијата на овие створови може лесно да доведе до појава на акни, но и до посериозни здраствени проблеми, како што се алергиите. Околу 20 проценти од луѓето страдаат од некаков вид на алергија, а две третини од нив се веројатно алергични на микроорганизмите во перниците.

Затоа, менувајте ја перницата доволно често, или пак користете перници што не пропуштаат воздух и често перете ги.

365.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top