Home / аларм / Често користите мобилни телефони – подобро погледнете го документарецов (Видео)

Често користите мобилни телефони – подобро погледнете го документарецов (Видео)

Многу научници тврдат дека бранот на мобилните комуникации кои станува се повеќе популарен во последните две децении, ќе резултира со долгорочни здраствени импликации во светот. Невиден степен и фреквенции на растот на туморите во внатрешноста на човечкиот мозок, еден ден ќе може да биде неизбежен.

do-cell-phones-cause-brain-cancer

Resonance – Beings of Frequencyis е фантастичен документарец кој за прв пат ги открива вистинските механизми со кои технологијата на мобилниот телефон може да предизвика рак. И како секој од нас реагира на најголемата промена во животната средина.

Тие создадоа технологија знаејќи за последиците и сега сите ние сме зависници од истата. Постојат повеќе од 1 милијарда мобилни уреди кои циркулираат низ целиот свет и 90% од нив се потпираат на безжична технологија кои не се регулирани, неиспробани и нејасни во однос на здраствените и безбедносните стандарди.

„Со оглед на потенцијаните последици за јавното здравје, важно е дека се спроведени дополнителни истражувања за тоа какво влијание би можеле да имаат мобилните телефони на долг рок“ изјавил доктор Кристофер Диви, директор на СЗО Меѓународната агенција за истражување на ракот.

„Во очекување на достапноста на ваквите информации, важно е да се превземат прагматични мерки за намалување на изложеноста, како што се hands-free уредите и пораките преку СМС.

brainСопствениците на мобилните телефони се повикани да ја ограничат нивната употреба. Впрочен и Светската здраствена организација призна дека истите би можеле да предизвикаат рак.

Неврохирургот и истражувач доктор Леиф Салфорд спровел голем број на студии на радио фреквенции, нивното зрачење и каков ефект би можеле да имаат истите врз мозокот.

Тој ги истакнал потенцијалните импликации во некои од неговите истражувања.

Некои од најпознатите заклучоци произлегуваат од фактот дека и најслабата изложеност на нивото од бежичното зрачење, може да предизвика бариера во протокот на крв во мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top