Чешките научници патентирале нов метод на биолошки третман на тумори на главата и вратот, соопштија од Институтот за анатомија при Медицинскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага.
Овој вид на тумори не е чест, но тешко се лечи и потребна е хируршка интервенција на отстранување на голем дел од лицето и вратот. Затоа новиот вид на лекување кој во практика би се вовел за 15 години ќе донесе револуционерни промени.
Научниците откриле дека растот на т.н сквамозен карцином покрај туморските клетки влијае и на не-туморските клетки во околината, особено фибробластите, односно клетките на сврзното ткиво, јави дописникот на МИА од Прага.
Понатаму е откриено е дека производите на овие гени може да бидат блокирани, а со тоа да ја спречи активноста на фибробластите, кои го потпомагаат растот на туморот. Според истражувачите, лечењето основано на овој механизам ќе го намали, па дури и ќе го запре растот на туморот. Експериментот е извршен врз повеќе од сто пациенти кои дале согласност за тоа.