Home / природен лек / Чај од лист од маслинка – има повеќе антиоксиданси од зелениот чај

Чај од лист од маслинка – има повеќе антиоксиданси од зелениот чај

Листот на маслинка крие бројни лековити својства. Најактивниот спој, за кој воглавно се врзува терапевтското делување, се вика олеуропеин (горк монотерпенски глукозид)  кој поседува антибактериски својства.

olive(1)Листовите од маслинката го јакнат имунолошкиот систем, ја зголемуваат енергијата во организмот, поседуваат антивирусно, антипаразитско, антибактериско и антифунгално дејство, го намалуваат крвниот притисок, концентрацијата на шеќер во крвта и нивото на лошиот холестерол.

За жените се одлични бидејќи помагаат за вагинитис и кламидиски инфекции.

Претераното користење на чај од маслинови листови може да доведе до пребрзо изумирање на микрооганизмите во телото, па затоа е потребно постепено да се зголемува внесот.

Подготовка

За шолја чај потребни се 15-20 исушени листови.

Оставете ја водата да зоврие, ставете ги листовите и нека проврие уште 2-3 минути. Исклучете и оставете ги листовите внатре уште 10 мин. Не ги оставајте подолго.

Може да го пиете топол или ладен, со мед, лимон или без ништо.

Чајот треба да се пие секој ден за да дојде до подобрување, а може да го пиете и превентивно за да ги предитрите болестите.

Најновите истражувања потврдија дека овој чај има повеќе антиоксиданси и од зелениот чај.

Lady.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top