Интересно е тоа што на оваа габа и се потребни 20 години за да созрее и биде спремна за употреба, што дополнително ги стимулира научниците да мислат дека во тој период во габата се создаваат многу моќни хемиски комплекси. Научниците откриле дека жителите во Сибир, каде што вообичаено се наоѓа оваа габа, кои редовно консумирале чај од оваа габа скоро никогаш не заболувале од рак, што ги потикнало да превземат истражувања околу оваа габа.
Експертите велат дека ова население чај од чага консумирало како лек од други болести и без да биде свесно се заштитувало од ракот. Сепак на оваа габа и понатаму и следат бројни истражувања за да се потврди со сигурност нејзината лековита моќ.
Научниците советуваат дека пред да се земе чагата, екстракт или чај од неа луѓето да се советуваат со својот лекар. Несомнено е дека оваа габа е здрава, има одлични ефекти врз човековиот организам, а покрај се е одличен суплемент за луѓето кои примаат хемотерапија, бидејќи ги ублажува нус појавите – велат експертите.
Сепак, дали чагата и понатаму ќе остане на добар глас во врска со нејзината моќ против ракот останува да ги почекаме дополнителните истражувања. Меѓу времено вие слободно можете да ја употребувате оваа габа како лек, но пред се најпрво консултирајте се со вашиот лекар, и внимавајте од каде ја набавувате, бидејќи непроверените дистрибутери можат да ви дадат и непроверен производ кој може да ви го загрози животот, бидејќи чагата е ретка габа на која и се потребни многу години да созрее, па така и потешко се стигнува до неа, затоа уште еднаш предупредуваме консултирајте се со лекар и набавувајте суплементи исклучиво од доверливи и сигурни дистрибутери.
Tocka.com.mk