Free songs
Home / алтернативна медицина / Босилек за сексуална желба – пињоли за издржливост

Босилек за сексуална желба – пињоли за издржливост

Капсаицинот во лутите пиперки ја зголемува циркулацијата. Истовремено е заслужен за ослободување на ендорфинот во мозокот, одговара за чувството на среќа, но и за сексуалната желба

Сексуалната желба зависи од многу фактори, како стрес, нервоза, но зависи и од храната. Љубовните сетила за мирис, вкус, допир и вид може да се стимулираат токму со одредени хранливи продукти.

bosilek-300x223За да ги поттикнете повторно вашите сексуални страсти, концентрирајте се на магичните продукти, што ја подобруваат циркулацијата.

Босилек

Оваа билка со интензивен мирис и специфичен вкус ќе ја разбие монотонијата на вашиот оброк, но и на сексуалниот живот. Свежиот и ситно исечкан босилек може да го додадете во која било комбинација. Тоа не само што ќе го подобри вкусот на храната туку и ќе ви ја зголеми сексуалната желба. Босилекот го забрзува отчукувањето на срцето и го подобрува крвотокот.

Цимет

Со консумација на цимет се зголемува температурата на телото, но и сексуалниот нагон. Го нормализира нивото на шеќер во крвта. Најдобро е да го консумирате со топло млеко.

Пињоли

Јаткастите плодови се богати со цинк, што е клучен фактор за зголемување на тестостеронот. Помага за сексуална издржливост.

Кардамом

Заштитен знак на индиската кујна, што го забрзува крвотокот и ја зачинува храната со афродизијачки својства. Комбинирајте го во чај и уживајте во тоа што ве очекува.

Лук

Содржи алицин и ја зголемува циркулацијата. Резултатите ќе се видат во сексуалната издржливост и сексуалната енергија. Доколку сакате да го одбегнете лошиот здив, консумирајте го во прав.

Целер

Овој ароматичен зеленчук служи како основа за зачинување на супата и варените јадења. Содржи андростерон и адростенол, супстанции што служат како сексуални магнети.

Бадеми

Јаткастите древни плодови се симбол на плодноста. Слаткиот мирис исто така може да послужи како сексуален продукт.

Чили

Капсаицинот во лутите пиперки ја зголемува циркулацијата. Истовремено е заслужен за ослободување на ендорфинот во мозокот, одговара за чувството на среќа, но и за сексуалната желба. Многу култури низ историјата го употребувале како афродизијак.

Мед

Богат со витамин од групата Б, медот го зголемува производството на тестостеронот, а тоа кај мажите е еднакво на сексуална желба. Содржи многу витамини, минерали и растителни материи со антибактериско дејство.

Морков

Богат со витамини, што се извонредни во произведување хормони што полудуваат кога е во прашање сексуалниот нагон.

Ѓумбир

Исто како и чилито, ѓумбирот ја зголемува циркулацијата и ја покачува телесната температура. Имено, легендата вели дека е познат по француската куртизана Мадам ду Бари, која го користела како тајно оружје за зголемување на својата сексуална моќ.

Кокосово млеко

Течноста од кокосот содржи исто ниво на електролити како и крвта. Го забрзува метаболизмот, го зголемува протокот на крв, а со тоа служи и како афродизијак. Покрај минералите, содржи и витамин Ц.

Лубеница

Се смета за природна вијагра. Ги отвора крвните садови и ја забрзува циркулацијата, што го зголемува возбудувањето.

Чоколада

Црното чоколадо отсекогаш се сметало за афродизијак. Содржи фенилетиламин, што го стимулира хормонот што телото го испушти при сексуален чин. Активира и производство на допамин во мозокот, а за тоа не треба да се консумира во големи количества.

Аспарагус

Зеленчук со афродизијачки својства бидејќи го подобрува урогениталниот систем што доведува до зголемена сексуална желба.

Тартуфи

Тартуфите се меѓу најскапите и најценети деликатеси на светот. Овие претставници на фамилијата печурки се неверојатно скапи бидејќи се ретки. Се верува дека нивниот мирис дејствува како магнет за спротивниот пол.

Морско оревче

Овој слатко-остар зачин е вистински афродизијак откриен од хиндусите, кои верувале дека со неговата консумација им се стимулираат сексуалните апетити.

Ванила

Слаткиот зачин е стимуланс што благородно дејствува на сексуалните чувства. Особено е привлечна за луѓето што обожаваат слатки мириси.

Морски плодови

Многуте култури ги ценат плодовите на морето поради нивното афродизијачко својство. Богати се со Б1 и Б2, што помага во производство на хормони што ја будат сексуалната страст.

Црно вино

Во умерени количества црвеното вино ја зголемува циркулацијата и опушта. Сепак, испијте само една чаша вино затоа што ако претерате, можете да добиете контраефект.

Коријандер

Им дава строг вкус на јадењата што ја подигнува температурата на телото и оттука е афродизијачката моќ.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top