Home / Болести и лечење / Болеста има мирис: Рак на црн дроб мириса на риба, дијабет на ацетон…

Болеста има мирис: Рак на црн дроб мириса на риба, дијабет на ацетон…

Мирисот на телото и здивот може да биде знак на болет, тврдат научниците во две одделни студии на шведскиот институт Каролинска и американскиот центар за сетила Монел.

Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон, додека оние со заболување на црниот дроб мириса на сурова риба.

nos mirisЛуѓето обично не можат да ги осетат овие мириси, но можат да препознаат прекумерна работа на имунолошкиот систем. Научниците веруваат дека мирисот на болеста ќе го препознаваат преку т.н. електронски носеви, а пример за еден таков тест на дишење веќе помага во откривање на рак на дојка.

Телото испушта различни мириси секој ден, но болеста ги менува па туморските клетки испуштаат различни хемикалии. Ова резултира и со промена на мирисот.

– Веќе со години луѓето велат дека во близина на пациенти болни од рак чуствуваат непријатна миризба. Една пациентка која и самата боледувала од рак на бели дробови намирисала рак на простата кај нејзиниот сопруг. Таа признала дека осетила мирис на распаѓање- истакнал д-р Џорџ Прети од Монел центарот за сетила.

nosОсвен „електричниот нос“, кучињата веќе помагаат во брзото откривање на рак на белите дробови и дијабетес. Голем напредок е направен во откривањето на ракот на јајчниците, па иако студиите се сеуште на почеток кучињата со 90 проценти точност можат да го намирисаат овој вид на рак.

Со кучињата, исти способности имаат и винските мушички, чие однесување во близина на пациенти болни од рак се однесуваат поинаку.

Како мирисаат болестите?

Здивот на заболените од дијабетес мириса на ацетон.

Мирис на луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб постетува на сурова риба.

Кај инфекциите на уринарниот тракт урината мириса на амонјак.

Луѓето со рубеола имаат мирис на свежо искубени пердуви од живина.

Потта на шизофреничарите мириса на оцет.

Тифусната треска потсетува на мирис на свежо печен леб.

Пациентите со жолта треска мирисаат на касапи.

Воспалението на лимфните јазли мириса на застарено пиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top