Американскиот тим, под раководство на Ејми Феркертиќ, анализирајќи случаи на 4.200 заболени од рак на бели дробови, во своето истражување дошол до резултати кои покажуваат дека младите лица со напреден рак на бели дробови кои го оставиле пушењето повеќе од една година пред да им биде дијагностицирана болеста, преживуваат подолго од оние кои продолжиле да пушат.
Лицата над 45 години кои биле заболени од рак на белите дробови, во четврта фаза, веројатноста за смртен исход во рок од две години била дури 30 отсто помала отколку кај нивните врсници кои и натаму пушеле.