Home / нови лекови / Битолчанец на пат да го спаси светот од детската леукемија

Битолчанец на пат да го спаси светот од детската леукемија

Предизвикувач на детската леукемија е прераното примање на вакцината против дифтерија, кое секое новороденче ја прима во вториот месец од животот. Тврдам дека ако детето ја прими вакцината подоцна, по 14. месец, кога ќе прооди, човештвото ќе се спаси од детската леукемија. Ова е хипотезата на Петар Ивановски, четириесет и деветгодишниот доктор од Битола, кој работи на Медицинскиот факултет во Белград.

piИвановски објаснува дека детската леукемија се јавува кај 5 отсто од човештвото, а се лекува цели две години. Но, и детето и родителите тие две години ги поминуваат во невиден стрес дали болеста ќе се излечи и дали нема да се повтори, зашто во 15 отсто од случаите се повторува и тогаш е смртоносна.

– Единствено нешто што е заедничко за сите што заболеле од детска леукемија е вакцината против дифтерија. Детската леукемија секоја година во светот се јавува во ист процент без разлика на временските и други услови. Единствена сила што може да ги активира тие клетки на имунолошки механизам е вакцинацијата. Утврдив дека оваа е модерна болест и се јавува по 1940 година и тоа прво во Англија во огромен број, зашто таму е прво воведена вакцината против дифтерија, како прва систематска вакцина. Така, Англичаните ја укинаа дифтеријата, но создадоа леукемија. Но, ако на детето по раѓањето му требаат 12 или 13 месеци за да застане на нозе, и на имунолошкиот систем му требаат 12 или 13 месеци да созрее. Затоа сметам дека е најдобо вакцината, наместо во вториот месец, да се дава во 14. месец – објаснува Ивановски.

dnevnik.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top