Home / аларм / Без овие лекови, не заминувајте на одмор!

Без овие лекови, не заминувајте на одмор!

Висока температура, труење со храна, убод од инсекти, сончаница, црвенило и други слични проблеми може да го уништат летниот одмор.

lekovi-odmor

Доколку одите со деца без лекови и препарати не смеете да одите ниту до плажа.

Порталот zdravstvo24.mk пишува дека во мини аптеката задолжително мора да имате лекови против болка и висока температура во форма на таблети, гелови , сирупи како и супозитории за деца и како и анти-гадење апчиња.

Исто така и алкохол за испирање на рани, антибиотици и стерилна газа, завои и фластери.Против убоди и каснувања од инсекти не заминувајте без гелови за црвенило, оток и чешање на местото на убод.
Овие препарати можат да ви послужат и кај алергиски реакции од сонцето, печење од медузи или некои црвенило на кожата.

Течни електролити, пробиотици и активен медицински јаглен мора да бидат во багажот бидејќи тие ќе ви помогнат при проблеми со цревата.

Климатските промени и постојано капење може да доведат до инфекции на увото, па капки за уво мора д аимате во мини аптеката. Додека ставате капки во уво, со назален спреј мора да го чистите и носот за да се ослободи притисокот на болното уво. Поради климата и солената вода може да дојде и до оштетување на очите и нивно сушење. Затоа носете и капки за очи, пишува zdravstvo24.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top