Во петок на 20. 11. 2015 година во поликлиникта „Филип Втори“ во Струмица ќе се организира ДЕН НА ОТВОРЕНА ВРАТА под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ“. За таа цел Академик д-р Жан Митрев со врвен тим на лекари ќе биде присутен во Струмица.
Сите кои ќе пројават интерес да дојдат на акцијата ќе имаат можност на директна комуникација со Академик д-р Жан Митрев и присутните лекари. Средбата е замислена како меѓусебна интеракција, преку консултативни прегледи со цел подобро здравје . Нашата најголема придобивка е наоѓањето на партнер во пациентот во решавање на неговиот здравствен проблем. Прегледите ќе започнат од 09.00 часот а тимот на лекари кои од Скопје ќе бидат присутни во Струмица се :
- Академик д-р Жан Митрев – кардиоваскуларен хирург
- Д-р Тања Анѓушева – супспецијалист кардиолог
- Д-р Енвер Идоски супспецијалист кардиолог
- Проф. д-р Лилјана Илиевска – невропсихијатар
- Д-р Борјанка Георгиева- супспецијалист кардиолог
- Примариус д-р Јован Мирчевски – абдоминален хирург
- Проф. д-р Ѓорѓе Зафироски – ортопедски хирург
- Д-р Ирена Андонова- гинеколог- акушер
- Д-р Горан Јовиќ – уролог
Подобро , Здравје