Home / бабини рецепти / Бабини Tрикови против икање

Бабини Tрикови против икање

Двата најуспешни механизми за да ја спречите икавицата:

IKANJEВо првата група спаѓаат методите со кои се зголемува нивото на јаглероден диоксид (CO2) во крвта, што ги инхибира грчењата на дијафрагмата. Тука спаѓаат техниките како задржување на здивот и дишење во кеса. Научниците не се сигурни зошто овој метод некогаш делува, но претпоставуваат дека е начин да се одвлече вниманието на телото, со тоа што ќе го насочи кон справување со зголемените количини CO2. Некои од нив пак сметаат дека икањето е директна последица на мало количество CO2 во крвта, па зголемувањето ја поправа состојбата.

Другиот метод е стимулација на нервот-скитник (вагус), кој оди од мозокот кон стомакот и ги координира дишењето и голтањето.

hiccupТој е исто така вмешан во икавицата, но со негова стимулација можете да го нарушите текот на настаните и да испратите сигнал до мозокот да се занимава со новата стимулација. Тука спаѓаат методи како голтање на преголеми голтки вода, гризење на лимон и јадење издробен мраз. Влечење на врвот од јазикот, ставање на прстите во ушите или нежно притискање на очните јаболки, исто така го стимулираат нервот-вагус. Суштината е во тоа да го „замаете“ телото да го насочи вниманието кон новата драматична стимулација. Затоа кај некои луѓе успева и методот на заплашување.

Сепак, научниците не се сигурни зошто било кој од овие методи работи, па препораката е да ги испробате сите, и да продолжите со оној што за вас е најефикасен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top