Home / бабини рецепти / Бабини Лекови од ленено семе

Бабини Лекови од ленено семе

Лененото семе содржи растителни масла во чиј состав влегуваат глицериди на линолната, линолеинската и стеаринска киселина, белковини, витамин А,јаглехидрати, органски киселини,слуз, ферменти, гликонид линамарин

  • lenПротив камен во мокрачата- да се пие по 1 лажица ленено семе, навечер и на утро измешано со вода и млеко
  • Се користи каша од лен која што е добиена од 1-4 лажици ленено семе, кое што одстоило во 1 чаша ладна вода. Повремено да се меша и да стои 2-3 часа.
  • Средство за чистење на бубрезите- лажица ленено семе да се вари со една чаша вода. Течноста во која се варело семето ќе биде доста густа па треба да се разреди со малку вода.Доколку смесата не е вкусна да се додаде сок од лимон. Се пие по половина чаша на секои 2 часа во рок од 3 дена
  • Бронхитис-10 гр.ленено семе се става во стаклена тегла се прелива со 300 гр.зовриена вода и се остава да стои 10 мин и повремено се меша,потоа се процедува. Течноста се зема по ½ чаша во текот на денот. Средството помага и за бронхитис.
  • Ангина- 10 гр.ленено семе се вари во 300 гр.вода во емајлиран сад, добро се меша 10 мин.па се процедува. Течноста се користи за плакнење на грлото неколку пати на ден.
  • Склероза- се зема ленено масло по 1 лажица 2 пати на ден во текот на јадењето 1-1,5 месеци. После 3 недели циклусот да се повтори.
  • Младешки акни- чај од ленено семе и цвет од камилица се користат како облоги: се мелат 4 лажици ленено семе и 1 лажица камилица. Сместа се прелива со мала количина зовриена вода. Смесата се става со лажица на кицето да се направи слој,лицето се покрива со крпа и се остава да делува 15-20 мин. Потоа лицето се мие со топла вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top