Оние повозрасните ќе се сетат на некои ,, бабини лекови,, кои ги користеле постарите, а за кои до ден денес медицината не нашла соодветно ефикасна замена.
Старите не биле ,,заостанати,, или недоволно медицински учени – туку луѓето од колено на колено пренесувале што знаат. Имало посебни луѓе во селото кои лечеле крајници, други неплодност, трети чиреви и така натака.
Еве неколку на кои ние се сетивме – пишете ни ако се сетите на други.
КРАЈНИЦИ – децата родени во 60 и 70 години ретко и да примале инекции поради воспалени крајници – бабините методи биле едноставни. Се дезинфицира кажипрстот, се става малку алкохол и шеќер – се става во устата на детето и буквално се притискаат двата крајника – на тој начин се истиснува гнојот од крајниците и воспалението веднаш завршува. – единствен ризик е детето да ве гризне малку.
сепак за ова најдете некоја баба која има искуство и која знае да го прави ова.
БОЛКИ ВО ГРБОТ –
Во гевгелиско ги викале ,,вандузи,, во други места низ Македонија ,,чашки,, но принципот е ист. Се легнува на стомак се земаат мали стаклени чаши, се пали мал памук се става во чашата и на грбот – чудо не ја гори кожата, а ја вовлекува како вакум – велат по само еден третман болките исчезнувале. Овој метод го користеле и при настинка.
[divider_flat]
АКО ВЕ КАСНЕ ИНСЕКТ –
Бабите местото го премачувале со пепел или со земја – се употребува и босилек.
Се трие местото за да го извлече осилото или другиот бодеж од инсектот.
[divider_flat]
АКО ВЕ БОЛАТ КРАЈНИЦИ
Се масира раката на местото меѓу палецот и кажипрстот. Ако се воспалени крајниците има топчест дел – тој треба да го притискате – доколку имате инфекција тоа многу боли и речиси е неиздржливо доколку не ве боли и нема топчест дел тогаш не ви се инфицирани крајниците.
[divider_flat]
ТЕМПЕРАТУРА – чорапи натопени со оцет – облечете ги – ја влече темературата.
ЗА БОЛКИ ВО ГРЛОТО – неколку рецепти – праз и маст завиткан околу грло, греана маст и бибер, или пак лук и ракија греана.
ЗА ЗАТНАТ НОС – исецкан лук и кромид ставете во близина на местото каде спиете ако сакате во текот на ноќта да не ве буди затнатиот нос.
ЗА ОТОК – лист од зелка веднаш го смирува отокот – за џумка – изџвакан леб се става на џумката дирекно и се притиска или се притиска со нож – металниот дел од ножот.
ЗА БРАДАВИЦИ – старите мачкале на местото лист од смоква – односно кога ќе се скине листот од смоква испушта белузлава течност – се мачка со таа течност. Оваа течност се користи и при болки во ушите. Се капнува една до две капки.
ЗА КОСОПАСТ – Бел лук. Се трие местото каде што е појавен косопасецот. За недела дена почнува да расте косата.
ЗА КАШЛИЦА – чај од босилек
АКО ВЕ БОЛИ ГЛАВА – жив компир врзан на главата
ЗА ЗАБОБОЛКА – истолчен лук и сол на забот.
ПРОЛИВ – Излупете едно јаболко, исечкајте го на парчиња и варете го на пареа додека не омекне. Јадете едно јаболко дневно.
ВРТОГЛАВИЦА – изедете порција ориз.
ЗАСИПНАТ ГЛАС – Направете гаргара со солена вода или со чај од камилица или магдонос. Живо јајце исто е рецепт на баба.
НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ – џвакајте свеж лист од магдонос.
КИСЕЛИНА ВО ЖЕЛУДНИК – неколку зрна ориз, или голтнете семка од маслинка.