Home / бабини рецепти / Бабин мелем за зараснување на рани

Бабин мелем за зараснување на рани

На водена пара се топи и се остава да зоврие 100 грама путер или свинска маст.

Сомелете 4 средни главици кромид, додадете ги во путерот и варете на слаб оган околу 6-7 минути, а при тоа постојано мешајте со дрвена лаживца.

melem raniДодадете 1/3 рендан бебешки сапун,

50 гр борова смола,

30 гр пчелин восок,

Варете на слаб оган уште 20 минути со постојано мешање

Смесата се процедува со помош на дупла газа додека е врела. Мелемот се чува во стаклен сад, на темно и студено место.

Нанесете од мелемот на болното место, покријте со газа и залепете со фластер. Процедурата се прави навечер пред легнување и  треба да отстои во текот на ноќта, а наутро се менува со нова облога поставена на истиот начин.

Процедурата се повторува се додека раната не зарасне.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top